Женскиот младински хор при МКЦ освои Прва награда на меѓународен натпревар во Херцег Нови
Под водство на маестро Сашо Татарчевски, по вторпат годинава, Женскиот младински хор при МКЦ се враќа со највисоки награди од меѓународни хорски натпревари, со што ја продолжува низата успеси на меѓународната сцена. По освоената Гран-при награда во Бугарија во јуни, ЖМХ се закити со Прва награда и на интернационалниот хорски натпревар во Херцег Нови, Црна …