Граната извадена од водите на Охридското Езеро
Граната била извадена од водите на Охридското Езеро, кај селото Пештани. „На 16.07.2025 во 17.09 часот во СВР Охрид е пријавено дека на плажа во охридското село Пештани, од водите на Охридското Езеро била извадена граната. Полициски службеници извршија обезбедување на локацијата, по што гранатата безбедно е подигната за понатамошна постапка“, соопштија од СВР Охрид.