Товарен воз кој се движел на релација Гевгелија – Скопје, удрил во мигрант

На пругата Гевгелија – Скопје, во близина на циглана кај Неготино, вчера товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија – Скопје, удрил во едно лице-мигрант. „Во незгодата лицето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кавадарци“ соопшти МВР. Известен бил Јавен обвинител и извршен увид од увидна екипа од Полициската станица Неготино.