Без вода две улици во скопско Тафталиџе

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“-Скопје информираат дека поради уличен дефект ф-80 милиметри на улицата Дрезденска бр.19 во населба Тафталиџе, денеска е прекинато водоснабдувањето за корисниците од улиците „Дрезденска“ и „Њуделхиска“ од 10:40 часот. Прекинот на водоснабдувањето за овие корисниците од овој дел на скопската населба Тафталиџе  ќе трае се до санирање на дефектот.