На крајот на април сме имале девизни резерви од 4,77 милијарди евра
Девизните резерви на крајот на април 2025 година изнесувале 4.771,2 милиони евра, соопшти Народната банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (75,3%), по што следуваат монетарното злато (13,4%) и валутите и депозитите (11,2%). Девизните резерви го достигнаа историскиот максимум на крајот на минатата година, кога изнесуваа 5,029 милијарди евра.