Приведен 38-годишен битолчанец, во неговиот дом била пронајдена марихуана
Триесет и осумгодишен битолчанец бил приведен вчера од страна на полицијата. Како што информираат од МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. В.Г. е приведен во Полициската станица Битола и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.