Агенција за лекови и сомнежи
Во отсуство на вистинска и ефективна кампања за имунизација и во период на збунетост на Министерството за здравство со пишман-решенија за да се зголеми опфатот на вакцинирани лица, Македонската агенција за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) одржа прес-конференција, која во еден дел всушност беше вакцинална антикампања. Директорот на МАЛМЕД, Лирим Шабани, и раководителка на сектор во …