Канада, Австралија и Нов Зеланд здружено побараа Израел веднаш да ги прекине операциите во Газа
Канада, Австралија и Нов Зеланд денеска во заедничко соопштение повикаа на итен прекин на огнот во Појасот Газа и предупредија на ризикот од ширење паралелен конфликт меѓу либанскиот Хезболах и Израел. Тие побараа Израел да одговори на судот на Обединетите нации, кој минатата недела пресуди дека окупацијата на палестинските територии и тамошните населби се нелегални. …