• Културен печат

Денови на словенечки филм од 9 до 11 октомври ќе се одржат во Кинотеката

Македонската публика од 9 до 11 октомври ќе има можност да погледне три понови словенечки филмови во рамки на Деновите на словенечки филм во Кинотека. Фестивалот ќе биде отворен на 9 октомври, со долгометражниот филм „Спасение за почетници“ (2024), во режија и сценарио на Соња Просенц. Филмот на хумористичен и трагикомичен начин ги истражува современите …

Денови на словенечки филм од 9 до 11 октомври ќе се одржат во Кинотеката Read More »

Промоцијата на стихозбирката „Во цутот на мекоста“ од Гала Матевска ќе се одржи во „Буква“

Дебитантската збирка поезија со наслов „Во цутот на мекоста“ од Гала Матевска ќе биде промовирана на 9 октомври, од 19:30 часот, во кафе-книжарницата „Буква“. Промотор на книгата ќе биде Јулијана Величковска. Изданието е поддржано од Министерството за култура и туризам. – Поетскиот првенец „Во цутот на мекоста“ е силно сведоштво за нов оригинален лирски глас …

Промоцијата на стихозбирката „Во цутот на мекоста“ од Гала Матевска ќе се одржи во „Буква“ Read More »

Дувачкиот квартет „Консонанс“ ќе одржи концерт на „Денови на македонска музика“

Во Музејот на македонската борба на 9 октомври, во 20 часот, концерт ќе одржи дувачкиот квартет „Консонанс“. На програмата се дела од македонските композитори Филип Иванов (Македонски танци и Стара песна), Љубомир Бранѓолица (Медитеранска суита за дувачко трио), Ангел Спироски (What was sung on the back of the whale 59.0312872, 10.0576327), Бојана Петровиќ Алексова (ostCinLato), …

Дувачкиот квартет „Консонанс“ ќе одржи концерт на „Денови на македонска музика“ Read More »

Изложбата „Откривање и ритам“ на Мартин Џепароски е поставена во галеријата на МКЦ

Во ликовната галерија на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, на 2 октомври беше отворена самостојната изложба „Откривање и ритам“ на мултимедијалниот уметник Мартин Џепароски. Изложбата претставува поетска видео-инсталација составена од две интерповрзани видеа – „Откривање“ и „Ритам“ – кои се надополнети со просторна инсталација. Делото е сензорно доживување што го вклучува просторот како активен …

Изложбата „Откривање и ритам“ на Мартин Џепароски е поставена во галеријата на МКЦ Read More »

Јубилејно издание на националниот поетски слем-натпревар ќе се одржи во Прилеп

Јубилејниот 15-ти национален „Поетски слем Македонија“ ќе се одржи од 9 до 12 октомври во Прилеп, а програмата содржи промоции, изложби и поетско-музички перформанси. Литературната манифестација „Поетски слем“ е во организација на Театарска работилница – Прилеп, а ќе биде отворена на 9 октомври, во 20 часот, во ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп со …

Јубилејно издание на националниот поетски слем-натпревар ќе се одржи во Прилеп Read More »

Промоција на книгата „Приватна насмевка“ од Гоце Дртковски ќе се одржи во „Јавна соба“

Новата книга со наслов „Приватна насмевка“ од Гоце Дртковски ќе биде промовирана на 9-ти октомври во „Јавна соба“, со почеток во 20 часот. Во книгата се поместени тринаесет раскази и четири есеи за слободата. Издавач на книгата е „Љубовта е петтиот елемент“ од Скопје. Авторот Гоце Дртковски првпат се јавува со наслов од областа на …

Промоција на книгата „Приватна насмевка“ од Гоце Дртковски ќе се одржи во „Јавна соба“ Read More »

Пијанистката Дуња Иванова во КИЦ-Скопје ќе одржи солистички концерт со наслов „Кругови“

Во Културно-информативниот центар во Скопје на 8 октомври, во 20 часот, во „Салон 19:19“ солистички концерт со наслов „Кругови“ ќе одржи пијанистката Дуња Иванова. На концертот ќе бидат изведени дела од Дино Имери, Давор Јордановски и Ханија Рани. Централен дел од програмата на концертот се четирите пиеси со истоимен наслов, чиј автор е пијанистот и …

Пијанистката Дуња Иванова во КИЦ-Скопје ќе одржи солистички концерт со наслов „Кругови“ Read More »

Стогодишнината од раѓањето на Микис Теодоракис со концерт ќе биде одбележана во Скопје

По повод 100 години од раѓањето на грчкиот композитор Микис Теодоракис, на 8 октомври во Националната опера и балет во Скопје, со почеток во 20 часот, ќе се одржи свечен концерт во организација на „Баги Комуникации“, а во соработка со Амбасадата на Грција во Северна Македонија. Микис Теодоракис (1925-2021) е еден од најголемите композитори на …

Стогодишнината од раѓањето на Микис Теодоракис со концерт ќе биде одбележана во Скопје Read More »

Вечер посветена на македонската рок-музика ќе се одржи во македонскиот КИЦ во Белград

Со аудио-визуелна презентација водена од Тошо Филиповски, со мноштво видео и фото материјали, на 7 октомври белградската публика ќе има ретка можност да присуствува на програма посветена на историјата на македонската рок-музика и рок-култура. Тошо Филиповски, роден во Кочани во 1969 година, од своите најрани младешки години е посветен не само на корените на македонскиот …

Вечер посветена на македонската рок-музика ќе се одржи во македонскиот КИЦ во Белград Read More »

Женскиот младински хор при МКЦ освои Прва награда на меѓународен натпревар во Херцег Нови

Под водство на маестро Сашо Татарчевски, по вторпат годинава, Женскиот младински хор при МКЦ се враќа со највисоки награди од меѓународни хорски натпревари, со што ја продолжува низата успеси на меѓународната сцена. По освоената Гран-при награда во Бугарија во јуни, ЖМХ се закити со Прва награда и на интернационалниот хорски натпревар во Херцег Нови, Црна …

Женскиот младински хор при МКЦ освои Прва награда на меѓународен натпревар во Херцег Нови Read More »