Заев: СДСМ сериозно ќе размисли за односот во коалицијата со ДУИ

Поднесените амандмани од ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ наидоа на незадоволство кај премиерот Зоран Заев, кој денеска рече дека однесувањето на опозицијата покажува дека не очекуваат победа на следните избори.

– 970 амандмани поднесени од опозицијата за Законот за академијата за судии и обвинители, покажува многу. Самото законско решение се менува во мал дел каде што дава можност академијата да го зголеми бројот на граѓани кои што ќе можат да аплицираат и да се обучуваат за идни судии и обвинители. Првата порака што ја добивам од тоа е дека ВМРО ДПМНЕ знае дека ќе остане во опозиција и го блокира процесот кој што треба да продуцира кадри кои што ќе излезат после три години. Две и пол години имаат едукација, не е коректно. Тоа е новиот резервоар којшто треба да се создаде во државата при зголемувањето и јакнењето на капацитетите во судството и во обвинителството, а пособно со почетокот со прочистувањето на самото правосудство. 60 кандидати веќе се при крај, целта е да се проширува ваквиот систем, а амандманите ја испрачаат надржавничката порака до нашиот народ и до правосудството – рече Заев.

Што се однесува до 4.000 амандмани за јавно обвинителската служба, премиерот рече:

– Законот за јавна обвинителска служба дава можност државното јавно обвинителство да ги потпише сметките за струја, за вода, чистење, за плати и слично. Тоа значи дека некој ќе продолжи да ги чува материјалите кои што се од суштествена, меѓу другото и од приватна природа на граѓаните. Тоа ќе значи дека ќе може да се задржи капацитетноста на самата таа институција, додека се најде решение за законот за јавно обвинителска служба. Кој тоа сака да го блокира, тој што има интерес. Треба и парламентот и извршната власт да бидат поддршка на правосудството, ако сакаме да го јакнеме. Не ни требаат такви блокирања на овој закон.

Според него, со една изборна единица големите партии ќе изгубат, но ќе добие државата.

– Сакам да потенцирам дека големите партии губат, прво СДСМ, после и ВМРО-ДПМНЕ, но добива државата и сите други партии со етнички предзнаци и малите политички партии. А, ако гледаме низ призмата на партиите, ќе бидат заштедени пари на партиите, зашто не е исто да финансирате кампања за шест и за една изборна единица – додаде Заев.

Премиерот Заев не го криеше незадоволството од потегот на коалициониот партнер во Владата кој на измените на Изборниот законик поднесе над 5.000 амандмани.

– Кога гледаме дека има 9.000 амандмани од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ поднел 5.000 амандмани, колку што ми кажаа. И ако тоа го знае ДУИ дека поднел ВМРО-ДПМНЕ 9.000 амандмани, а тие поднесуваат 5.000 амандмани, а се партнер во Владата. Прво јас можам да разберам после и нашите презентации колку тоа добива ДУИ, колку добива кај Албанците во државата генереално, сепак да го поднесат тоа, кажете ми вие јас што да мислам, што да мисли народот, коалицијата, колку е таа одржлива или не, навистина ова е за сериозна причина за сериозни размислувања кои што СДСМ ќе ги отвори – вели Заев.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот