Звучна презентација на циклусот „Планина“ на фотографот Димитар Апостолов

Необичен формат на претставување на своите фотографии избра фотографот Димитар Апостолов, познат на македонската уметничка сцена под неговиот псевдоним Zewlean Icarus.

Фотографиите од циклусот „Планина“ тој ги постави на ѕидовите од дневната соба во приватен стан, ги покани пријателите од македонската џез-сцена – бендот „Сетстат“ да одржат музички перформанс и сето тоа се пренесуваше онлајн од приватен профил на Фејсбук преку интернет.

Протоколите за заштита од коронавирусот очигледно ги предизвикуваат уметниците не само да ги реализираат своите дела, туку и да смислат инвентивен начин за нивна презентација.

Концерт на групата „Сетстат“

Препознатлив по својот оригинален стил, модерна естетика и уникатен уметнички израз, Апостолов, во последниве две децении, има четири претходно поставени самостојни изложби и реализирано учество на повеќе групни изложби.

Фотографија од циклусот „Планина“

Апостолов е добитник и на бројни домашни и меѓународни награди, главно во доменот на уличната, портретната, експерименталната и пејзажната фотографија.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 114, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 29-30 јануари 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот