ЗВУЧИ СТРАШНО, НО МОЖНО Е: Органи без кои телото може да функционира

хирург операција
Фото: Профимедиа

Луѓето можат да живеат без слепото црево, без дел од црн дроб, без жолчната ќеса или без еден бубрег (па и без двата, со дијализа).

Но, може да опстане и без други органи, од кои некои ќе ве зачудат што се нашле на оваа листа.

Едно белодробно крило

Во случаи на рак, туберколоза или други белодробни заболувања може да се случи хируршки да треба да се отстрани едното белодробно крило. Дишењето потоа е потешко, но всушност се губи 35% од вкупниот капацитет. Сепак, живот со едно белодробно крило, иако потежок, е апсолутно возможен.

Дебело црево

Поради колоректален рак или Кронова болест некогаш треба да се отстрани дел или целото дебело црево. Во тој случај се прави реконструкција од тенкото црево и се вградува вреќичка преку која се исфрла изметот. Исто како и во претходниот случај, живеењето е возможно, но бара многу промени во начинот на исхрана и животниот стил.

Репродуктивни органи

Жените можат да живеат и без јајници или без целата матка, а кај мажите е можно отстранување на тестисите. Секако, има последици врз плодноста и либидото, а сепак остатокот од животот се одвива непречено.

Мочен меур

Кај некои пациенти мора да се отстрани мочниот меур. Во тој случај се користи дел од дебелото црево за да може да се собира урината. Некогаш се вградува и надворешна ќеса, слична на катетар.

Желудник

Кај пациентите со рак на желудник се отстранува дел или целиот желудник. Со правилна диета, овие пациенти може да живеат без проблеми.

Слезина

Слезината филтрира крв и игра важна улога во одржување на имунитетот. Овие пациенти треба да примаат терапија поради тоа што се изложени на поголем ризик од инфекции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот