Ѕвездите против прослава на Денот на Кристофер Колумбо

Леонадро ди Каприо е еден од многуте славни личности што оваа година јавно се повлекоа од традиционалните свечености за прославување на „Денот на Кристофер Колумбо“ и побараа да се смени за позначаен празник „Ден на домородното население“

Оскаровецот кој е познат по својата активност за спас на планетата Земја, овој пат излезе со став за спас на Амазон и заштита на домородното население. Тој на социјалната мрежа Инстаграм сподели писмо напишано од Немонте Ненкимо, лидерка на племето Ваорани, во кое се залага за заштита на домовите на луѓето што живеат во дождовната шума на Амазон. Четириесет и петгодишниот актер го објави видеото од Ненкимо и напиша:

Денес на Денот на домородното население ви пренесувам моќна видеопорака од лидерката на луѓето од племето Ваорани. Пораката од Немонте нè потсетува да го слушаме домородното населените и нивните идеи за тоа како можеме да ја спасиме планетата и да ја вратиме рамнотежата во нашиот однос со природата. Нејзината жестока посветеност да го спаси Амазон и да почне движење за соочување со индустриите и со системите одговорни за уништување на шумите и климатските промени е токму оној вид на лидерство коешто му треба на светот во моментов“.

Прочитајте и...  Били Ајлиш повторно ја отвори најпопуларната дебата од 2015 година: Која боја се патиките? (ФОТО)

Освен Ди Каприо, и пејачката Деми Ловато на својот Инстаграм-профил сподели порака, со која побара да се смени прославата на „Денот на Колумбо“, со „Ден на домородното население“. Таа во пораката објасни дека Кристофер Колумбо го поробувал домородното население и поради тоа не треба да се прославува.

Моето семејство има потекло од Кокто племето, а тоа многу ми значи. Бојкотирајте го Денот на Колумбо, да го прославуваме Денот на домородното население“, напиша Деми.

Американската активистка Мелина Абдула на Твитер напиша: „Кристофер Колумбо бил ограбувач, колонизатор, убиец, трговец со робови, луд геноциден манијак. Заборавете на него и прославете го она што вреди“, а нејзината порака беше брзо споделена од многу јавни личности, меѓу кои актерите Румер Вилис и Кендрик Самсон.

Прочитајте и...  На Карлеуша не ѝ здосади да се соблекува: Повторно полугола (ФОТО)

Поврзани вести

Откажана свадбата на Бруклин Бекам и Никола Пелц

Слободен Печат

Ова се можни последици од прекумерна консумација на солена храна!

Слободен Печат

Во зависност од преливот и салатата може да биде нездрава храна

Слободен печат

Одложено снимањето на „Џурасик парк“

Слободен печат

Прекрасната Блејк Лајвли во панталони кои одговараат на секоја фигура: Актерката е вистинска модна кралица! (ФОТО)

Слободен Печат

Неколку причини зошто интелегентните луѓе не можат да бидат среќни!

Слободен Печат

Остави Коментар