Ѕвездите на ПСЖ го навлекоа бесот на јавноста: Пијани и полуголи само еден ден по поразот од Борусија (ВИДЕО)

Навивачите на францускиот тим се огорчени и бесни на своите миленици откако се појави видео снимка од разулавената забава само еден ден по поразот од Борусија Дортмунд (2:1) во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Разгалените ѕвезди на ПСЖ како да не го имаат фудбалот на највисокото место на приоритетите, и на забавата во средата по повод 27. роденден на Мауро Икарди, 32. на Ду Марија и 33. на Кавани, закупија простор во кој со големи количини на алкохол се славеше до утрото.

Според снимките највесели беа Нејмар и Кавани кои до толку се опуштија што се соблекоа голи до појас, а подоцна им се приклучи и обично тивкиот голман, Кејлор Навас.
Според француските медиуми, „најпристоен“ на забавата бил Килијан Мбапе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот