Ѕвездата од серијата „The Queen’s Gambit“ Ања Тејлор-Џој: Не сум „доволно убава“ за да глумам во филмови

Instagram

Покрај главните улоги во филмовите „The Witch“ и „Emma“, 24-годишната актерка доби високи признанија од филмската критика за нејзината волшебна изведба на шахистка во хит драмата „The Queen’s Gambit“ во продукција на „Netflix“, таа смета дека не ги исполнува таканаречените „стандарди за убавина“ на Холивуд, потребни за големото платно.

Никогаш не сум мислела и никогаш нема да се сметам себе си за убава“, изјави Тејор-Џој за списанието „Sun“.

Instagram
Instagram

Странските медиуми почнаа да ја нарекуваат „актерката со Бамби очи“.

Мислам дека не сум доволно убава за во филмови. Звучи патетично и моето момче ме предупредува дека луѓето ќе мислат дека сум апсолутно луда затоа што ги кажувам овие работи, но јас мислам дека изгледам чудно“, вели таа.

Никогаш нема да одам во кино за да гледам мој филм, го гледам претходно. Убавината на тоа да си во своја кожа е тоа што не мора да го гледате сопственото лице“, изјави Ања.

Instagram
Сцена од филмот „Emma“ / Instagram

Младата ѕвезда во подем, која се прослави со главната улога во филмската адаптација на романот „Ема“ од Џејн Остин откри дека имала вистински панични напади за време на снимање.

Си помисив: „Јас сум првата грда Ема и не можам да го сторам тоа“, бидејќи првата сцена во филмот е: – Јас сум убава, умна и богата“, објасни актерката.

Тејлор-Џој знаела дека ќе биде актерка уште кога имала само шест години. Актерката има шкотско-аргентински-афро-шпански корени и вели дека имала тежок почеток откако се преселила од Буенос Аирес во Лондон на 8-годишна возраст и не знаела англиски јазик.

Instagram
Instagram

Јас бев премногу Англичанка за да бидам Аргентинка, премногу Аргентинка за да бидам Англичанка, премногу Американка“, вели актерката, откривајќи дека била многу осамена како дете, се чувствувала изолирана создавајќи слика во нејзината глава дека да се биде сам е лошо.

Во актерската кариера на Тејлор Џој се вклучени и блокбастерите „Glass“ и „Split“, серијата „Peaky Blinders“ во продукција на „BBC“ како и во адаптацијата на „BBC“ за најпродаваниот роман на Џеси Бартон „The Miniaturist“.

Instagram
Сцена од филмот „Glass“ / Instagram

Нејзини претстојни проекти го вклучуваат трилерот на Едгар Рајт „Last Night in Soho“, во кој таа глупи млада жена со пасија за моден дизајн, која мистериозно е во можност да влезе во 60-тите години на минатиот век, каде што ќе се сретне со нејзиниот идол… Како и филмската адаптација на романот на Франческа Лиа Блок „Weetzie Bat“ и уште многу други проекти.

Instagram
Сцена од серијата „Peaky Blinders“ / Instagram

Актерката неодамна во интервју за списанието „Bazaar“ прозборе и за ситуацијата со пандемијата на коронавирус.

Instagram
Instagram

Се вратив во Лондон за карантинот. Бев со мојот сакан (нејзиниот партнер фотографот Бен Сид) и двајца наши пријатели. Беше навистина убаво да се биде во нивно друшство… Јас сум многу благодарна за просторот што ми беше овозможен за време на оваа пауза… Благодарна сум и за мојот емоционален раст во овој период“, изјави Ања.

Која е девојката од хит-серијата „Кралски гамбит“ по која светот полуде?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот