Ѕвездата од „Сексот и градот“ Сара Џесика Паркер: Некои нарачки ги доставувам лично на клиентите

Instagram
Instagram

Сара Џесика Паркер покрај актерската кариера, навистина успешно се снаоѓа и во светот на претприемништвото. Од ѕвезда на Бродвеј таа стана извршен директор на сопствена компанија. Паркер има одиграно доволно улоги во животот во нејзиниот сакан град Њујорк за да знае дека во овој град апсолутно сè е можно.

Сара Џесика Паркер во интервју за „Town&Country“ изјави дека според неа нема поголем град од градот Њујорк. Актерката која се претвори во моден магнат и граѓански активист, вели дека во последно време наоѓа радост во посветената работа на нејзиниот нов бутик за чевли „SJP“.

Profimedia
Profimedia

Како што изјави таа, понекогаш дури им доставува нарачки на своите клиенти до прагот на нивниот дом и воопшто не ѝ претставува проблем.

Ѕвездата од култната серија „Сексот и градот“ несомнено стана модна икона и архетип на овој град. Кога ја прашаа што значи да си њујоркчанец, таа вели: „Ги сакам жолтите такси, ја сакам архитектурата… Тоа  е место кое, дури и денес, кога излегувaм од вратата, не знам што ќе се случи… Мислам дека моите деца имаат огромна среќа да бидат воспитани во Њујорк.“

Profimedia
Profimedia

Сара сподели дека и нејзиниот бизнис бил засегнат од кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус и за време на сите карантини. Но, како што вели таа, успеала да ги задржи сите вработени гарантирајќи им здравствено осигурување.

Instagram
Instagram

Имавме одлични денови, имавме денови кои не беа толку убави. Да се биде на подот со клиентите е мојот омилен дел од бизнисот. Набавувам чевли за нив и учам сè за нивните животи. Правиме виртуелен шопинг, а некои испораки ги доставувам лично на клиентите“, изјави актерката.

Instagram
Instagram

Сара вели дека луѓето уште купуваат високи потпетици, само што сега повеќето се префрлени на онлајн купувањето. Веројатно, сега луѓето ќе се забавуваат повеќе во своите домови. Таа вели со нетрпение го очекува враќањето во нормала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот