Ѕвездата од Јутјуб почина во осмиот месец од бременоста, обожавателите се во шок! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Јутјуб ѕвездата Никол Ти починала во осмиот месец од бременоста од засега непознати околности.

На нејзиниот профил на Инстаграм семејството објавила дека 24-годишната девојка умрела, а заедно со неа и неродениот син во саботата наутро.

„Сите пријатели и фанови ги известуваме со голема тага дека Никол и нејзиниот син, на кого таа и Бог му го дадоа името Реин, починаа во саботата наутро – пишува на социјалните мрежи.

Никол беше улична танчерка и инфлунсерка, а живееше со партнерот – танчерот Глобал Бог во Лондон. Двајцата биле возбудени поради доаѓањето на бебето и често ја известувале јавноста поради тоа.

Бог во саботата наутро, непосредно пред смртта на саканата девојка, објави снимка на која танцува со количка за бебе, а минатата недела напиша дека синот му пристига во понеделник и дека едвај го чека тој момент. Оваа вест ги шокираше следбениците на младата блогерка, со оглед на тоа дека во неколку наврати истакнувала дека има „добра бременост“, но додала дека најтешко и е тоа што тешко доаѓа до воздух.

Час и половина пред веста за смртта, на Инстаграм таа објави фотографија на која позира во када полна со млеко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот