Ѕвездата на серија „Изгубени“ го победи коронавирусот: Оваа болест е различна од сите други! (ВИДЕО)

Фото: Инстаграм

Актерот Даниел де Ким, најпознат по улога во серијата „Изгубени“, објави дека е излечен од коронавирус, 10 дена по објавата дека е позитивен на Ковид 19.

Актерот се огласи преку Инстаграм, каде ја објави убавата вест и со своите обожаватели го сподели своето искуство со оваа опасна болест која го зафати целиот свет.

„Добрата вест е што веќе немам коронавирус. Оваа болест е поинаква од сите други. Ниту минатата недела не беше наивна. Откако завршив со лекување, се чувствував подобро и поздраво, мислев дека сега мојот имунитет ќе ја заврши работата, но се чини дека бев премногу самоуверен.  Престанав да пијам лекови и кога тоа го направив, се чувствував многу слабо и уморно. Наеднаш ги загубив сетилата за мирис и вкус“, вели Даниел во видеото кое го објави на Инстаграм.

Иако по една недела не закрепнал целосно, тој повеќе немал симптоми како на почетокот, ниту пак грозница.

„Повеќе не ме фаќаше грозница, но и натаму се чувствував доста лошо. Докторот ми објасни дека тоа се симптоми предизвикани од нешто што се вика поствирусно воспаление, но слушав дека кај некои луѓе може да трае со недели“, објасни актерот, кој за среќа, се ослободи од овие симптоми и сега е потполно здрав.

„Ви благодарам на убавите желби во текот на ова непријатно искуство. Се надевам дека овие информации им се од корист на сите кои им се потребни. Да продолжиме да шириме љубов и да се молиме за сите погодени од оваа болест“, порача актерот во коментар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот