Ѕвездата на „Беверли Хилс“: Ракот се врати, не стојам цврсто на нозе!

Шенон Доерти (48) се бори со туморот кој е во четвртата фаза. Се разбира, најсилната поддршка ја добива од најблиските.

Ѕвездата од „Беверли Хилс 90210“, отворено зборува за тоа како неколку нејзини пријатели се покрај неа, кои ја поддржуваат да води здрав живот во борбата со ракот.

– По година дена борба со ракот, кој носи и други стресови, повторно се враќам на тоа – напишала 48 годишната актерка.

– Се грижам за себе и секојдневно се охрабрувам. Не е секогаш лесно. Има денови кога сум депресивна или едноставно сум мрзелива. Но, туркам со помош на пријателите.

Шенон ја споменала својата пријателка Ан-Мари Кортрајт, која била упорна и одлучила да ја однесе на планинарење и да ја научи на нов начин на готвење.

Во фебруари Доерти откри дека ракот на дојка повторно и се вратил.

– Прашање на денови е кога ќе ми кажат дека сум во четврта фаза. Ракот се врати и затоа сум тука – рекла Доерти во емисијата „Good Morning America“.

– Ова е необично време и не стојам цврсто на своите нозе. Да кажам дека сум под стрес е потценување. Да кажам дека се борам е благо – напишала таа на социјалните мрежи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот