Ѕвездата на Баерн го „пецна“ поранешниот тренер: Слушај ја сопругата

twitter/Bleacher Report

Томас Милер не пропушта можност да го критикува поранешниот тренер на баварците, Нико Ковач.

Германскиот репрезентативец, Томас Милер на почетокот од сезоната најави дека во зимскиот преоден рок ќе побара Баерн да го продаде, поради односот со тогашниот тренер Нико Ковач.
Милер на почетокот од сезоната речиси и да не добиваше шанса во првиот тим на Баерн, а неговиот статус најдобро беше опишан преку зборовите на самиот тренер: „Доколку ни снема фудбалери поради повреди, тогаш Милер сигурно ќе добие шанса за настап“.

Токму по оваа изјава, „Билд“ тврди дека Милер побарал разговорот со челниците на Баерн, Ули Хенес и Карл-Хајнц Румениге на кој побарал да биде продаден уште во зимскиот преоден рок.

За негова среќа, а несреќа за Ковач, резултатите на Баерн не беа на очекуваното ниво и тренерот во ноември минатата година доби отказ. Со поставувањето на Ханси Флик за главен тренер на екипата, Милер редовно е во првиот тим и во 10. натпревари под водство на новиот тренер тој постигна три гола и имаше дури седум асистенции.

За време на подготовките на Баерн Минхен во Доха, Катар, фудбалерот беше прашан за разликата помеѓу Флик и Нико Ковач, а тој не ја пропушти можноста да го „пецне“ екс тренерот.

– Доколку сопругата ве испрати во продавница со упатства што да купите, тогаш знаете што ќе земете и ќе си дојдете дома. Но кога нема да ви даде јасни упатства, тогаш вие ќе гледате низ полиците со голем ризик кога ќе се вратите дома дека вечерата нема да биде толку добра како што очекувавте – изјави Милер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот