Ѕвездата Даниел Крејг наскоро пристигнува во Србија

Profimedia
Фото: Profimedia

Популарниот холивудски актер Даниел Крејг наскоро ќе пристигне во Србија поради потребите за снимањето на вториот дел од филмот „Knives Out“, пишува српски „Телеграф“.

Според српските медиуми, Крејг би требало да пристигне во Србија на есен. Снимањето на филмот започнува на 28 јуни во Грција, по што тимот продолжува да работи во Србија, а потоа и во САД и Канада.

epa-efe
EPA-EFE/ANDY RAIN

Имено, филмската екипа во моментов веќе била пристигната во Белград за да утврдат на кои места ќе се снимаат сцени од овој филм. Да потсетиме, првиот дел од филмот „Knives Out“ ја доживеа својата премиера во 2019 година.

Филмот е во режија на Рајан Џонсон кој претходно престојувал и снимал во Белград каде го снимал филмот „Brothers Bloom“ во кој играше оскаровката Рејчел Вајс, сегашната сопруга на Даниел Крејг.

epa-efe
EPA/PAUL BUCK

Крејг се враќа во улогата на ексцентричниот и досетлив детектив Беноа Блан, а нови членови на екипата ќе бидат Едвард Нортон и Дејв Батиста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот