Ѕвездан Георгиевски: Славко Јаневски сакаме да го внесеме во 21-от век (ВИДЕО)

Стихови од Јаневски ќе читаат актерите Ана Костовска и Владимир Петровиќ, додека со свои песни и поетски дела ќе настапат 15-тина поети.

По повод стогодишнината од раѓањето на Славко Јаневски, Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности што го носи неговото име, во среда (15 јануари) со почеток во 19.30 часот во галерискиот простор на Културно-информативниот центар во Скопје организира поетско читање „Произведувачи на зборот“.

Стихови од Јаневски ќе читаат актерите Ана Костовска и Владимир Петровиќ, додека со свои песни и поетски дела ќе настапат 15-тина поети.

Околу лустрацијата, важноста на Славко Јаневски, како и загрижувачкиот податок дека огромен број на луѓе воопшто немаат прочитано книга од овој македонски великан, во Утриски брифинг разговаравме со Ѕвездан Георгиевски.

Разговорот погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот