Ѕвезда од Премиер лигата низ прозор им бегал на уценувачи

фото: профимедиа

Ѕвезда од Премиер лигата, чиј идентитет англиските медиуми не го објавуваат поради правни причини, имал афера со извесна Натали Вод (28), откако преку социјалните мрежи стапиле во контакт. Натали Вод минатата година го уценила фудбалерот дека ќе го открие неговото име на медиумите и ќе му го уништи бракот доколку не и плати одредена сума на пари.

Натали на суд објасни дека планирала да го слика фудбалерот во компромитирачка ситуација, а и помагале уште тројца мажи, меѓу кои е и учесникот во популарната емисија „Take Me Out“, Нејтан Колман.

Таа на помагачите им оставила резервен клуч од хотелската соба и кога тие влегле со собата, фудбалерот кој бил во долна облека скокнал низ прозорот и потоа избегал преку пожарникарските скали. Тој потоа се засолнил во најблискиот ресторан во кој вработените веднаш го препознале и му дале облека додека да дојде полицијата.

фото: профимедиа

Обвинителот Сајмон Џоунс на поротата и рекол дека станува збор за многу познат професионален фудбалер, кој додека бегал од уценувачите и пратил порака на својата сопруга да ја заклучи вратата од домот бидејќи тој во моментот бил ограбен.

Тој кога излегол низ прозорот добил и порака од Натали која продолжила да го уценува фудбалерот.

„На основ на твојата реакција, јасно е дека си свесен оти погреши. Не сакам да го откријам твојот идентитет на медиумите, но доколку не ми одговориш во наредните 24 часа нема да имам друг избор“, стоело во пораката на Натали Вод.

Фудбалерот го предал својот телефон на полицијата за да докаже дека бил уценуван и притоа изјавил дека приметил оти Натали била нервозна во моментите пред да упаднат нејзините помагачи во хотелската соба.

– Имав некои чуство дека нешто не во ред. Само неколку минути, двајца мажи упаднаа во собата и се се случи многу брзо. Видов прозорец од мојата десна страна и без размислување дали и колку е високо излегов од таму. Потоа некако успеав да дојдам до пожарникарските скали – и изјавил фудбалерот на полицијата.

Натали Вод ја признала вината на суд, но истакнала дека таа била искористена како мамка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот