Ѕвезда на Реал покани пејачка од Косово да пее во Бразил

Албанската раперка Дорунтина Шала, позната под името „Tayna“ продолжува да реди успеси во својата кариера.

Нејзиниот последен проект беше песната “Sicko”, која што беше споделена и од големата звезда на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор.

Фудбалерот се чини дека продолжува да биде во контакт со пејачката, бидејќи ја покани да пее во Бразил.

Во опцијата „прашања-одговор“ на Дорунтина Шала на Инстаграм, Жуниор ѝ вели на 23-годишната пејачка дека сака да види нејзино шоу во Бразил.

Фото: Инстаграм

Не изостана ниту одговор од нејзина страна. Таа му вели дека тој тогаш треба да го организира настанот.
Песната “Sicko“ мометално на каналот на Јутјуб има 9.5 милиони прегледи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот