Ѕвезда на Ливерпул и забрани на новинарка да му се приближи (ВИДЕО)

EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Мохамед Салах е еден од најомилените фудбалери на Ливерпул,а обожуван во Египет поради својата скромност, тој никогаш не „глуми“ голема фудбалска ѕвезда.

По триумфот на Ливерпул во ЛШ над Тотенхем со 2:0 се најде во центарот на вниманието. Додека даваше изјава пред ТВ екраните, новинарката, поради големото славење на навивачите на Ливерпул, се обиде да му се приближи за да му постави ново прашање, но Салах помисли дека таа сака да му честита за титулата и во прв момент панично изреагира.
Тој и покажа на девојката да не му се приближува, а потоа сфати дека нема потреба од таква реакција.

За неговата посветеност кон религијата, говори податокот дека тој го тргна погледот кога Кинси Волански влета полугола на теренот на „Ванда Метрополитано“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот