Звезда кога слета во Токио знаеше дека ќе победи, а Југовиќ сè уште ја чека Тојотата (ВИДЕО)

фото: crvenazvezdafk.com

Црвена звезда во финалето на Интерконтиненталниот куп кој се играше на денешен ден во 1991 година со 3:0 го совлада Коло Коло.

Легендарниот голман на „црвено-белите“, Звонко Милојевиќ за клупската телевизија на Црвена звезда се потсети на анегдота која уште пред натпреварот им ја навести победата. Во главната улога беше еден новинар од Азија.

– Кога слетавме во Јапонија, тогашниот кондициски тренер Предраг Стојановиќ ни кажа дека ќе имаме тренинг. Бевме шокирани од неговите зборови, но тој ни кажа дека најважно е мускулите да се опуштат од долгиот лет. Трениравме 45 минути, а потоа ни пријде еден новинар од Азија кој ни кажа: „Честитам, вие сте новите светски шампиони“.

Се гледавме чудно бидејќи натпреварот требаше да се игра за неколку дена, но тогаш новинарот ни кажа дека ние дефинитивно ќе бидеме нови шампиони бидејќи Чилеанците штом пристигнаа веднаш заминаа во хотел да спијат и дека екипа која има менталитет и карактер да тренира веднаш по летот, мора да биде шампион – открива Милојевиќ.

Уште една интересна анегдота од натпреварот во Токио е поврзана со најдобриот фудбалер на натпреварот, Владимир Југовиќ. Тогаш 22-годишниот Југовиќ постигна два гола и беше прогласен за играч на натпреварот, за што традиционално добиваше и клучеви од најновиот модел на Тојота. Сепак, тој и по 28 години, сè уште го чека автомобилот.


– Мислам дека луѓето се сеќаваат кога директорот Цветковиќ ме прегрна по финалето. Тогаш ми кажа дека би било убаво автомобилот да се подели со сите соиграчи и на шега ми рече дека сум многу млад и немам дозвола да возам таков автомобил – изјави пред неколку години Југовиќ во интервју за „Моцарт спорт“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот