„Ѕверка“ која скротува ѕверови, Ана Марија Таневска: Сменив 12 мотори, а еве го и мојот најнов ѕвер!

На мотор е од шестгодишна возраст, на 10 години учествувала на патеката во Кичево во категорија до 80 cc, па следеле и други трки во кои била единствена девојка. Најмногу во еден ден извозила 450 километри. А за „зјапањата“ не треба да зборуваме – рака на срце, и нам очи би ни паднале да сме на нивно место.

Најновиот мотор на Ана Марија кој пристигна пред два три дена.

Ана Марија Таневска го напуштила моделството за да се посвети на претприемништво, поточно на приватниот семеен бизнис. Вели дека може да се пофали што на млади години станала самостојна девојка. Работи со продажба на резерни делови за мотори и сервисирање на истите. Оваа работа ја исполнува поради големата љубов и страста кон моторите.

Новиот ѕвер во друштво на Женски печат, неделен прилог на дневниот весник Слободен печат

Зошто постојат толку предрасуди за манекенската професија, има ли реална причина за тоа, постојат ли изнудувања, уцени, компромиси…?

– Предрасуди секогаш постоеле и ќе постојат кога станува збор за манекенството. За жал, во нашата држава менекенките не се доволно платени и ценети како во другите земји и поради тоа решив да го напуштам менекенството. Инаку, во мојата професионална кариера никогаш ми се нема случено да наидам на уцени и изнудувања.

Позната е твојата страст за моторите што ја негуваш од дете, наследена од твојот татко. Кој модел беше твојот прв мотор, колку мотори досега смени, и какви ти беа понатамошните амбиции во спортскиот и рекреативниот мотоциклизам?

– Страста кон моторите ми е од најрана возраст. На шест години прв пат се качив на мотор и тоа на „aprilia sr50“, можеби звучи неверојатно и смешно, но вистинито е што едвај допирав со нозете на асфалтот. На само 10 години учествував на патеката во Кичево во категорија до 80 cc, следеа и други трки каде што бев единствена девојка. Досега имам сменето 12 мотори и со нетрпение го очекував мојот нов ѕвер кој тукушто ми пристигна.

На шест години прв пат се качив на мотор и тоа на „aprilia sr50“, можеби звучи неверојатно и смешно, но вистинито е што едвај допирав со нозете на асфалтот.

Се натпреваруваш ли? Има ли простор за жени во овој спорт?

– Ретки се девојките кои се натпреваруваат во спортот со мотори. Овој спорт бара многу инвестиции и вложување. Многу би сакала да бидам една од нив доколку се создадат услови, би била многу среќна и со големо задоволство би го прифатила тој предизвик.

Какви коментари „собираш“ низ градот кога ќе те забележат на гломазен мотор?

– Коментарите се само кога ќе видат фотографија од мене на мотор, а реакциите се во живо. Има многу интересни случки што сум ги доживеала и дури кога ќе застанам на семафор луѓето од позади свират, довикуваат, а некои од нив и фотографираат и објавуваат фотографии на социјалните мрежи со прашањето: која е оваа бомба што го управува овој ѕвер?

На социјалните мрежи прашуваат – која е оваа бомба што го управува овој ѕвер?

Знаеш ли да го поправиш моторот, да интервенираш на лице место, доколку дојде до откажување на некој дел?

– Можеби е неверојатно, но да, знам да го поправам моторот ако се работи за помал дефект.

Имаш ли колешки што ти прават друштво при патувањата со мотор? Која е најдолгата дестинација штоси ја минала?

– Малку е потешко да се најде женско друштво бидејќи за да возиш мотор на некоја дестинација треба знаење и искуство, а во нашава држава сме десетина девојки кои возиме мотори. Цело време патувам, а најмногу што имам извозено во еден ден се 450 километри.

И покрај тоа што изгледаш како да си извајана, велиш дека на себе немаш ниедна пластична интервенција. На што се должи твојата топ форма?

– Мојата фигура ја одржувам со тренинзи и здрава исхрана, а пластични операции немам направено ниту пак имам такво нешто во план бидејќи сум многу задоволна од мојот природен изглед.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот