Зверев „златен“ во Токио, доминација на Крејчикова и Синијакова

Фото: EPA-EFE/MAST IRHAM

Денеска во големото финале на тенискиот олимписки турнир во Токио Александар Зверев со резултат 2:0 во сетови 6:3 и 6:1 успеа да го освои златото.

Германецот во завршната битка успеа да го совлада Русикот Карен Хачанов за еден час и 21 минута игра.

На патот до финалето 24-годишниот Зверев триумфираше над Лу, Галан, Басиашвили, Шарди и Ѓоковиќ во полуфиналето.

Овој успех сигурно уште повеќе ќе го мотивира пред настапот на „УС Опен“ (кој стартува на 30 август) и на кој минатата година го играше своето досега единствено грен слем финале.

Фото: EPA-EFE/MAST IRHAM

Да додадеме уште дека во женска конкуренција во дубл чешките тенисерки Барбора Крејчикова и Катерина Синијакова го освоија златниот медал откако во финалето со 7:5 и 6:1 беа подобри од Швајцарките Белинда Бенчиќ и Вокторија Голубиќ.

На патот до финалето забележаа победи уште против Хсије/Хсу, Бадоса/Сорибес, Барти/Сандерс и Кудерметова/Веснина.

Ѓоковиќ одеше на злато, на крајот остана без медал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот