Зверев збесна и го остави татко си во солзи: Не можам е**но да сервирам (ФОТО)

принтскрин

Германскиот тенисер направи дури 10 двојни сервис грешки во дуелот против Стефанос Циципас.

Александер Зверев имаше катастрофален настап на АТП Купот во поразот од 1:6,4:6 од Стефанос Циципас, тој делуваше очајно на теренот и постојано им се дереше на луѓето во својот бокс и со таквото однесување успеа да го расплаче својот татко.

„Не разбирам. Едноставно не можам да погодам добар сервис. Не можам. Кажи ми што треба да правам? Моите удари од основната линија се добри, се останато функционира солидно, но едноставно не можам да погодам сервис? Е**те се“, им се дереше Зверев на луѓето во неговиот бокс.


Колку беше очајна играта на германскиот тенисер покажува и статистиката, тој имаше само 10 винер поени. Тој својата нервоза ја искали и врз татка си:

„Замолчи, ми зборуваше глупости. Не можам вака е**но да сервирам“.
Веднаш по овие зборови камерата го фати неговиот татко чии очи беа полни со солзи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот