Поранешната девојка на Александер Зверев, Олга Шарипова не престанува со обвинувањата дека германскиот тенисер за малтретирање и злоставување минатата година.
Овој пат Шарипова изјави дека има снимки од безбеносните камери како и видео на телефонот.
– Минатата година кога бевме на Лејвер купот, тој ме удри во лице. Викаше на мене дека сум никоја и ништо, дека немам пари и сум без успеси. Го сакав Саша и се надевав дека ќе ги надминеме проблемите – изјави Шарипова која претходно изнесе обвиненија кој Зверев дека ја давел и и ја удирал главата во ѕид.
„Имам снимки од хотелските безбедносни камери. Имам пораки, имам и видео во мојот телефон“.
Зверев кој настапува на Мастерсот во Париз повторно истакна дека тие обвинувања не се вистинити и нема намера повеќе да ги коментира обвинувањата од поранешната девојка.
– Веќе се кажав во објавата на Инстаграм. Моментно не можам ништо да додадам и тука сум да играм тенис. Таа врска одамна е завршена, а тие обвинувања не се вистина. Тоа е се што можам да кажам – изјави Зверев.