Зверев: Старата гарда наскоро ќе падне

twitter/ATP Tour

Младиот германски тенисер смета дека постарите играчи имаат поголема корист од пандемијата на коронавирусот и најавува промени во врвот на тенисот.

Тениската сезона поради пандемијата на коронавирусот е суспендирана се до 13 јули, но за очекување е таа да потрае подолго.

Седмиот тенисер на замрзнатата АТП ранг листа, Александер Зверев, смета дека паузата во тенисот повеќе им одговара на Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Рожер Федерер, отколку на помладите тенисери.

Тие имаат своја рутина и точно знаат што прават. Покрај тоа, тие делуваат далеку посвежо по секоја пауза. Верувам дека прекинот на тениската сезона добро ќе им дојде. Но, сигурен сум дека старата гарда наскоро ќе падне – изјави Зверев.

Германецот се надева дека годинава ќе се игра барем некој грен слем турнир, откако Вимблдон е откажан, додека Ролан Гарос е преместен за септември, а сè уште не се знае судбината на УС Опен.

Би било добро да одиграме уште два грен слем турнири годинава. Нормално дека сакаме да играме без публика, но доколку тоа не е возможно, ќе има преноси на ТВ. Подобро нешто отколку ништо – вели Зверев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот