Зверев се брани од нападите дека е насилник: Олга лаже дека ја тепав

epa08716233 Alexander Zverev of Germany during his third round match against Marco Cecchinato of Italy at the French Open tennis tournament at Roland Garros in Paris, France, 02 October 2020. EPA-EFE/JULIEN DE ROSA

Германскито тенисер Александер Зверев се огласи по обвинувањата од неговата поранешна девојка Олга Шарипова дека ја злоставувал.

Деновиве Александар Зверев се најде во центарот на вниманието на јавноста, но не поради неговите тениски квалитети, туку бидејќи беше обвинет од поранешните девојки.
Бренда Патеа со која Зверев се забавуваше до неодамна, изјави дека намера заедно со него да го расте детето кое го чекаат.

– Последните денови беа голем предизвик за мене. Ќе станам такко на 23 години и се радувам на тоа. И покрај тоа што со Бренда не сме повеќе заедно, имаме добар однос и ја превземам одговорноста и обврските за еден иден татко. Заедно ќе се грижиме за детето. Но повеќе од тоа нема да зборувам во јавоста. Сигурен сум дека Бренда и јас можеме да се снајдеме во новата улога и без медиумите – изјави Зверев.


Германецот исто така ги демантираше обвинувањата на Олга Шарипова со која исто така беше во врска, дека е насилник и ја злоставувал.

– Тука се и неоснованите обвинувања од поранешната девојка Олга Шарипова за што прочитав во медиумите и ме растажија. Се знаеме со Олга уште од деца и заедно поминавме многу работи. Криво ми е што зборува такви работи. Едноставно, тоа не е точно. Бевме во врска која ја завршивме одамна и не знам зашто сега Олга ме обвинува. Се надевам дека заедно ќе најдеме начин да ги разјасниме овие обвинувања на разумен начин – вели Зверев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот