Зверев: Самодовербата ми е на нула – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Зверев: Самодовербата ми е на нула

Јиржи Весели го направи најголемото изненадување во првото коло на Вимблдон со елиминацијата на четвртиот носител, Александар Зверев.

Александер Зверев е најнепријатното изненадување на стартот од третиот годинашен гран слем, Вимблдон. Германецот кој беше четврти носител е елиминиран уште на стартот од чешкиот тенисер, Јиржи Весели со 3:1 во сетови (4:6,6:3,6:2,7:5).

– Ова беше типичен гран слем меч за мене. Започнав добро и потоа се случија една две работи кои не беа во моја корист и се се распадна. не загубив поради играта, едноставно самодовербата ми е на нула – изјави Зверев.

Покрај Зверев, кај дамите е елиминирана втората носителка, Наоми Осака која не беше расположена да дава одговори на прашањата на новинарите. Осака загуби од Јулија Путинцева во два сета со 7:6,6:2.

– Едноставно не одиграв добро, но не сум изненадена од нејзината игра бидејќи и во минатото имавме неизвесни дуели. Во женскиот тенис секој може да победи секого. Поради тоа воопшто не ми е лесно – рече Осака.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close