Зверев продолжува успешно на турнирот „Ролан Гарос“

Германецот се наоѓа во одлична форма/фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Германскиот тенисер Александер Зверев се пласираше во третото коло на „Ролан Гарос“ откако го совлада Русинот Роман Сафјулин со 7:6 (4), 6:3 и 7:6 (1).

Мечот траеше два и пол часа, Зверев кој важи за еден од фаворитите на турнирот доста се намачи против 182 играч на светот.

Германецот во третото коло ќе игра против Ласло Џере кој во српскиот дуел го елиминираше Миомир Кецмановиќ со 3:2 во сетови 4:6, 4:6, 6:3, 6:2 и 6:3 за три и пол часа игра.

Во уште еден долг меч Аргентинецот Делбонис го совлада Андухар-Алба од Шпанија со 3:2, а Норвежанецот Руид немаше никакви проблеми со Камил Мајхржак (6:3, 6:2 и 6:4).

Во женска конкуренција имаше неколку изненадувања, Дарија Касаткина од Русија ја совлада 10 носителка Белинда Бенчиќ од Швајцарија со 2:0 (6:2, 6:2), а Катерина Синиакова од Чешка ја победи 29 носителка од Русија Вероника Кудерметова со 7:6 (7), 5:7 и 7:5).

Триумфи забележаа уште Тамара Зиданшек (Словенија) против Американката Медисон Бренгл (6:4, 6:1), Сорана-Михаела Кирстеа (Романија) против Италијанката Мартина Тревизан (6:4, 3:6, 6:4), а Маркета Вондрушова од Чешка ја елиминираше Хармони Тан од Франција со 6:1 и 6:3 за еден час и три минути игра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот