Зверев опериран, Надал замина на терапија

Рафаел Надал и Александер Звререв/фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Победникот на Ролан Гарос, Рафаел Надал во Барселона го започна првиот циклус на лекување на повреденото стапало со „пулсирачка радиофреквентна стимулација“ со надеж дека ќе успее да се опорави навреме за да може да настапи на следниот гренд слем турнир, Вимблдон.

Надал по освојувањето на 14 гренд слем титула на Ролан Гарос, откри дека по мечот од второто коло со Корентан Муте буквално не можел да оди и поради тоа се согласил да има „анестезирана нога“ и пред финалето со Каспер Руд добил инјекција против болки во повреденото стапало.

Иако првично најави дека ќе го пропушти Вимблдон бидејќи не сака да игра под инјекции, денеска порача дека доколку новиот лекарски третман биде успешен, тогаш можно е да настапи на следниот гренд слем турнир.

Неговиот противник во полуфиналето на Ролан Гарос, Александер Зверев во вторникот го оперира зглобот на десната нога. Тој се повреди токму на дуелот со Надал и по извршените детални лекарски прегледи е одлучено дека операцијата е неопходна.

– Секој од нас има свој пат во животот. Следната недела за прв пат ќе бидам втор тенисер на светот, но сега морав да се оперирам. На деталните лекарски прегледи беше утврдено дека сите три лигаменти на десниот зглоб се скинати и за да можам правилно и брзо да се опоравам, операцијата беше најдобриот избор – изјави Зверев.

Засега не се познато колку ќе отстутвува од тениските терени, но сигурно е дека Зверев нема да настапи на Вимблдон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот