Зверев: Новак ќе го освои календарскиот слем, тој е најдобар на сите времиња

Новак Ѓоковиќ (десно) се поздравува со Александар Зверев (лево) Ѓоковиќ се пласираше во финалето на УС опен откако во неверојатен натпревар во пет сета славеше над Германецот / EPA-EFE/JASON SZENES
Александер Зверев е убеден дека Новак Ѓоковиќ во недела ќе дојде до календарски слем, односно ќе слави во финалето на УС Опен и ќе стане првиот тенисер, по Род Лејвер од 1969 година кој триумфирал на сите четири грен слем турнири во една година.

Ѓоковиќ се пласира во финалето на УС Опен откако во пет сета го победи токму Зверев и тоа со 4:6,6:2,6:4,4:6,6:2.

 Да бидам искрен, малку сум разочаран на начинот на кој го почнав петтиот сет. Освен тоа, ова беше добар меч, и двајцата го дадовме својот максимум. Кај вториот брејк на Новак во петтиот сет смешно беше колку немам среќа. Но, и тоа се случува. Новак со причина е најдобар и тоа го покажа во полуфиналето – изјави Зверев на прес-конференцијата по мечот.

Германскиот тенисер верува дека Ѓоковиќ ќе успее да го победи Данил Медведев во финалето и ќе го освои календарскиот слем.

 Тоа е одлично за спортот. Никој не веруваше дека некој ќе може да го повтори тоа што Род Лејвер го направи. Новак во недела има шанса и верувам дека ќе успее. Тој ги собори сите рекорди кои постојат. Доколку ја погледнете статистиката, ја погледнете играта – тој е најдобар на сите времиња. Никој не може да се споредува со него, највеќе недели е број еден тенисер на светот, има највеќе освоени мастерси, и најверојато ќе има највеќе освоено грен слем турнири, а сега има шанса да ги освои четирите најголеми турнири во една година. Што може да се споредува со тоа? –  рече Зверев.

Медведев преку Оже-Алиасим за второ финале на УС Опен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот