Зверев не се плаши, сака да игра на УС Опен

Александер Зверев/Адриа Тур/EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Германскиот тенисер Александер Зверев вели дека сака да игра на грен слем турнирот во Њујорк доколку се одржи.

Зверев го сврте вниманието на тениската јавност со тоа што настапи на турнирот од „Адриа тур“ серијата во Белград, сака да му се врати на тенисот, односно да игра на УС Опен.

– Ќе видиме кога ќе продолжи сезоната. Се надевам дека тоа ќе биде Њујорк, но САД е малку опасно место во овие моменти и сè уште нема конечна одлука за грен слем турнирот. Лично не се плашам, сакам да играм во Њујорк, му се радувам на овој турнир и на податокот дека повторно ќе се натпреварувам – вели Зверев.

Стартот на УС Опен е закажан за 31. август, а по грен слем турнирот во Њујорк ќе следат турнирите на земја во Европа, и тоа Мастерсите во Мадрид и Рим како и Ролан Гарос.

– И минатата година ги менував подлогите, во период од три недели играв и на трева и на бетон и на земја. Се уште сум млад и се надевам дека можам побрзо да се прилагодам на сите подлоги од конкурентите – додава Зверев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот