Зверев не дозволи изненадување во првиот меч на турнирот во Торино

Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

За разлика од Карлос Алкараз, Александар Зверев не дозволи изненадување и славеше победа во неговиот прв меч на турнирот во Торино.

Зверев за само 73 минути го совлада Александар Рубљев со 2:0 во сетови (6:4, 6:4).

Во двата сета Зверев освои по еден брејк и одигра колку што е потребно за да дојде до победата. Германскиот тенисер во првиот сет го освои сервисот на противникот во седмимот, а во вториот сет во деветтиот гем. Токму тие две топки за Зверев беа и единствените во целиот меч.

Заедно со Зверев во групата се наоѓаат уште Карлос Алкараз и Руд. Норвежанецот денес го изненади шпанскиот тенисер со победа од 2:0 во сетови.

Алкараз поразен уште на стартот од турнирот во Торино

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот