Зверев: На училиште ме исмејуваа поради дијабетесот и ми ја крадеа опремата

Германскиот тенисер Александер Зверев/фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Германскиот тенисер Александар Зверев вчера откри дека уште од својата четврта година боледува од дијабетес тип 1.

Тој во интервју за „Лекип“ открива со какви предизвици се соочувал како дете поради болеста но и како таа одразила на неговата тениска кариера.

– Се срамев, често ме исмејуваа на училиште. Ми ја крадеа опремата, мерачот на шеќер, инсулинот кој потоа го наоѓав искршен во школскиот двор. Кога новинарите ме прашуваа дали  сум дијабетичар, јас негирав. Дури и за време на мечевите се криев во тоалетот додека вбризгував инсулин, а болеста ја криев и од девојките – вели Зверев.

Во минатото, на почетоците од професионалната кариера често му се случувало да му се слоши на теренот.

– Порано за време на долгите мечеви бев малку изгубен, често се прашував каде сум. На тренинзите понекогаш ми се врти во главата. Тогаш морам да застанам и да почекам неколку минути или да одам да јадам нешто и да се вратам за еден час – открива Германецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот