Зверев: Мислам дека сега не е време да се игра тенис во САД

twitter/#AusOpen

Германскиот тенисер не е сигурен дека ќе настапи на грен слем турнирот во Њујорк.

Александер Зверев кој се најде на удар на јавноста поради настапот на „Адриа тур“ но и бидејќи беше уловен на неколку забави за време на пандемијата на коронавирусот, најверојатно нема да настапи на УС опен во Њујорк кој треба да започне на 31. август.

– Мислам дека е малку лудо да се игра на УС Опен во овие моменти. Би сакал сезоната да започнеше во Европа, мислам дека сега не е вистинскиот момент да пдите во САД. Доколку се одржи УС Опен, што да прават тенисерите – вели Зверев.

Засега грен слем турнирот во Њујорк останува во календарот, но организаторот најави ригорозни безбедносни протоколи, а на дел до најдобрите тенисери не им се допаѓа тоа што ќе може да имаат само уште три члена од своите тимови со себе, додека на терените на Флешинг Медоуз ќе може да понесат само еден член.
– Сметам дека некои правила мора требаше да се променат. Кога играте натпревар во пет сета на топло време тешко е покрај вас да биде само тренер, а не физиотерапевтот. Тоа е многу опасно за телото и од тоа највеќе се плашам – додава седмиот тенисер на АТП ранг листата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот