Зверев: Големата тројка сè уште е најдобра, во тоа никој нема дилеми
Шестиот носител на Ролан Гарос, Александар Зверев вели дека сите во светот на тенисот и се воодушевуваат на големата тројка (Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер), но и дека неговата генерација треба да почне да освојува грен слен трофеи.
– Мислам дека ние веќе не сме нова, млада генерација. Тука се Алкараз, Синер, тие се млади, а јас не се сметам повеќе за млад. Добро е што тие (Надал, Ѓоковиќ и Федерер) се сè уште тука, но оваа година, три од четирите мастерси ги освоија играчи од мојата генерација, Хуркач, Циципас и јас плус Надал во Рим – вели Зверев кој има 24 години и додава.
– Освојуваме големи титули, но не и грен слемови. Бев блиску на УС Опен, но Тим победи. Тој е постар од нас и не знам во која генерација спаѓа. Сега е на нас да ја промениме плочата, да бидеме вистинските и на грен слем турнирите и да ги намачите постарите тенисери. Засега големата тројка сè уште е најдобра, во тоа никој не се сомнева – додава Зверев.