Зукерберг се огласи по големиот број критики, велејќи дека ги ревидира правилата на објавите на Фејсбук

Фото: МИА

Извршниот директор на Фејсбук Марк Зукерберг, рече дека ги ревидира правилата за содржината на социјалната мрежа, соочен со силни негативни реакции од голем број на луѓе за објавите на американскиот претседател Доналд Трамп, во кои им се заканува на демонстрантите против расистичко полициско насилство.

Фејсбук работи на подобрување на својата политика за содржини на социјалните медиуми додека гради производи за промовирање на расната правда, објави во петокот Зукерберг.

Најавата на Зукерберг беше објавена откако Фејсбук се соочи со негативна критика, вклучително и од сопствените вработени, за нејзината одлука да објави без посебна етикета контроверзни натписи од претседателот Доналд Трамп, во кои им се закани на демонстрантите против полициското насилство по убиството на Џорџ Флојд.

„Знам дека многумина од вас мислат дека требаше да ги означиме поставите на претседателот на некој начин минатата недела“, напиша Зукерберг во блог-пост, осврнувајќи се меѓудругото на објавата на Трамп која ја содржи фраза „кога ќе започне грабежот, започнува и пукањето“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот