Шаленберг-Димитров: Скопје и Тирана треба да добијат датум за преговори со ЕУ

Фото: МИА

Австриската позиција е јасна – Македонија и Албанија треба да добијат датум за почеток на преговори на претстојниот Европски совет, следната недела, а во интерес на Скопје е Тирана да почне преговори – тоа е добро за земјава, за соседната држава, регионот, но и целокупната геополитичка состојба.

Овие ставови денеска ги изнесоа шефовите на дипломатиите на Австрија и Македонија, Александер Шаленберг и Никола Димитров на заедничката прес-конференција во Министерството за надворешни работи.

На прашањето колку е можно Европскиот совет следната недела во Брисел да ги одвои Македонија и Албанија во однос на датумот за почеток на преговорите австрискиот сојузен министер за Европа, интеграција и надворешни работи, Шаленберг истакна дека не сака да суди за дискусиите што ќе се водат тогаш.

– Нашата позиција како Австрија е јасна. Веруваме дека и двете земји и Северна Македонија и Албанија треба да бидат поканети од страна на Брисел и да почнат преговори – рече Шаленберг.

Димитров нагласи оти на ова прашање може да се одговори од три аспекти.

– Имаме државен интерес соседна Албанија да направи чекор напред ние сме добри соседи, тоа е добро за нас, пред се за Тирана, но и за вкупната атмосфера и геополитичка ситуација на Балканот. Второ процесот на пристапување е процес кој е фокусиран на индивидуално постигнувања и ако правите групи земји се руши логиката на условеноста на процесот и трето не смееме да дозволиме една да биде жртва на другите, две е подобро од една, меѓутоа една е подобро од нула, што е неуспех и за самата ЕУ и може да ја урне самата политика на проширување – истакна Димитров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот