Зошто жените стареат побрзо од мажите?

жени
Фото: Pexels

Не е тајна дека жените живеат подолго од мажите. Ова е добра вест за дамите, но има една работа што не им оди во прилог. Се покажа дека жените стареат побрзо од мажите. Според истражувањето, постојат неколку причини за ова, пишува „Bright Side“.

Хормоналната разлика е она што објаснува сè“, вели д -р Џудит Моринг.

Флуктуациите на хормоните се поврзани со депресија. Покрај тоа, сезонското афективно нарушување повеќе ги погодува жените отколку мажите, а постојаниот стрес неизбежно води до порано стареење.

мајка ќерка

Жените кои родиле стареат побрзо

Американска студија спроведена на Универзитетот Џорџ Мејсон докажа дека жените изгледаат 11 години постари поради бременоста. Жените кои родиле имаат пократки теломери (краевите на хромозомите) од оние кои никогаш не родиле. Колку се пократки теломерите, толку изгледате постари. Покрај тоа, стресот за време на бременоста, исто така го забрзува процесот на стареење.

пар љубов

Кожата на жената е потенка од машката

Според дерматолозите, кожата кај мажите е 25% подебела од кожата кај жените. Процентот може да варира од човек до човек, но општите податоци се тие. Меѓутоа, иако мажите имаат помалку брчки, оние што ги имаат се подлабоки од женските. Високото ниво на тестостерон го забавува стареењето. Иако естрогенот служи и како хормон против стареење, неговото производство опаѓа побрзо од производството на тестостерон.

жена

 

Менопаузата игра важна улога

Губењето хормони за време на менопаузата го забрзува процесот на стареење. Кога жените поминуваат низ менопауза, нивните тела престануваат да произведуваат исти количини на колаген како порано. Тоа предизвикува губење на еластичноста на кожата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот