Зошто жените се поотпорни на зараза од коронавирус од мажите

Eдна работа сe чини неспорна. Кoронавирусот е помалку опасен за жените отколку што е за мажите.

Иако овој смртоносен вирус ги напаѓа и двата пола еднакво, смртноста кај заразените жени е помала отколку кај мажите. Според обемната студија спроведена од кинески лекари по избувнувањето на епидемијата, од сите мажи позитивни на коронавирус, од компликации починале 2,8 отсто од нив. А, жени речиси двапати помалку, „само“ 1,7 отсто.

Научниците сè уште ги бараат причините зошто жените се поотпорни на ковид-19 отколку мажите. Меѓутоа, несомнено е дека слични трендови биле забележани и кај САРС. Тогаш, во Хонг Конг повеќе жени од мажи биле заразени. Но, стапката на смртност кај мажите била 50 отсто поголема.

Жените, благодарение на нивните хормони, едноставно имаат подобар имунитет, што е предност кај коронавирусот. Тие, исто така, подобро реагираат и на вакцинацијата, бидејќи нивниот организам побрзо го развива одбранбениот имунолошки механизам. Но, овој добар имунитет е благослов во некои случаи, а недостаток во други. Жените многу почесто од мажите заболуваат од автоимуни болести.

Собраните податоци покажуваат дека дури ниту бремените жени не припаѓаат на ризичната група кога станува збор за коронавирус. Во деветте анализирани случаи на трудници што биле со коронавирус во последното тримесечје, децата се родени целосно здрави.

Друг елемент што влијае врз поголема смртност е пушењето. Според досега достапните податоци, пушењето ја влошува клиничката слика кај пациенти со коронавирус. А, има повеќе пушачи меѓу мажите отколку меѓу жените.

Мажите – барем така нè учи кинескиот пример – повеќе заболуваат од дијабетес и од висок крвен притисок отколку кај жените, што дефинитивно влијае и врз стапката на смртност, бидејќи токму овие две болести се наведени како најризични од епидемијата на коронавирусот.

И за крај, но не и најмалку значајна причина. Мажите едноставно ги мијат рацете помалку од жените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот