Зошто жените се помалку доживуваат оргазми?

Најчестата причина поради која жените не доживуваат оргазам е што не се ментално присутни за време на чинот. Нивниот ум во тој миг е на работа, кај децата, финансиите итн.

Доживувањето на оргазам е најдобриот дел од сексот. Токму тоа е тоа што не тера да се враќаме одново по повеќе акција.

Ако не постоеја оргазми луѓето немаше да бидат толку заинтересирани за секс. Но, вистина е дека мажите и жените доаѓаат до врвот поинаку.

За жал, се повеќе жени се жалат дека не можат да стигнат до оргазам и ова се најчестите причини за тоа:

  • Тие се уште учат за себеси и тоа што им одговара за време на сексот. Треба многу трпение, практика и тренирање на вашето тело како редовно да доживува оргазми.
  • Тие не веруваат дека може да доживеат оргазам. Оргазмот е повеќе ментална отколку физичка работа, па затоа потребна е ментална релаксација и посочување на партнерот што сакате, а што не во креветот.
  • Тие не сметаат дека имаат потреба од оргазам. По напорен работен ден или кавги со децата многу жените сметаат дека немаат потреба од секс, а со тоа и од оргазам, се разбира.
  • Тие не обрнуваат внимание на предиграта. Со малку повеќе напор и сè е возможно.
  • Тие немаат доволно клиторисна стимулација. Покрај пенетрацијата потребна е и клиторисна стимулација за достигнување на врвот.
  • Тие брзаат. За жените потребно е од 15 минути, па до 1 час за да постигнат оргазам и тоа варира во зависност од тоа како се чувствуваат во моментот.
  • Тие не се доволно интимни со партнерот. На жените им е потребно многу повеќе од само физичка врска. Тие треба да се чувствуваат емоционално и интелектуално поврзани со партнерот.
  • Тие не се фокусирани на чинот. Жените може да се изгубат за време на сексот, да изгубат интерес, да им стане здодевно и да отпатуваат со умот на друго место. Без комплетно ментално присуство во самиот чин оргазмот нема да се случи. Ова можеби е најчестата причина поради која жените немаат оргазам.
  • Тие не се самоуверени за своето тело. Ако се чувствувате самоуверено за своето тело, вашата изведба е подобра и имате поголема шанса за оргазам. Но, ако сте несигурни и срамежливи, тогаш нема да го извадите максимумот од чинот.
  • Тие за загрижени за своите оргазми. Колку повеќе размислуваат за тоа зошто немаат оргазми, толку се подалеку од нив. Менталниот притисок резултира со лоша изведба во спалната соба. Само одете со текот без да се грижите премногу за тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот