Зошто жените најчесто изневеруваат?

Истражување на научници од Лондон откри дека повеќе од 30 отсто од прељубите се случуваат од инает.

Ако сте го изневериле партнерот, многу веројатно потоа ќе очекувате и самите да бидете изневерени, бидејќи истражувањата покажуваат дека тоа навистина често се случува.

Истражување на научници од Лондон откри дека повеќе од 30 отсто од прељубите се случуваат од инает.

Експертите дошле до сознание дека многумина на тој начин се лекуваат од емоционална повреда, нанесена од неверството кое им го направил партнерот претходно.

– Луѓето мислат дека така ќе им биде полесно, па кога ќе дознаат дека другата страна извршила прељуба, се одлучуваат да им вратат со иста мерка – вели Тин Џенифер, еден од водачите на истражувањето.

– На тој начин се обидуваат да го вратат загубеното достоинство, но повеќето сфаќаат дека по неверството направено од инает, всушност се чувствуваат уште полошо – додава Џенифер.

Видео на денот