Зошто жените гледаат филмови за возрасни?

Фото: Unplash

Кога жените јавно коментираат порно, некои велат дека уживаат да го гледаат, но повеќето ги осудуваат таквите содржини како шовинистички, плитки, површни, па дури и одбивни.

Сепак, што и да се коментира, анализата на податоци за гледачите на PornHub (најпопуларната страница за порно содржини во светот) е дека жените сочинуваат 32 проценти од вкупната публика.

Ова значи дека третина од жените гледаат ваква содржина, а дел од нив редовно. Според студијата на универзитетот во Денвер, околу 45% од жените кои признале дека гледаат, рекле дека тоа го прават со партнерот, а 30% од нив претпочитаат да гледаат сами.

Фото: Unsplash

Зошто жените сакаат да гледаат порно?

Сексолозите ги поделија во четири категории. Првите се „љубопитни“ и сакаат да научат повеќе за некои сексуални техники. Други го прават тоа од „сладострастие“, како што прават мажите, и визуелно помагало за мастурбација.

Една група сака да гледа „феминистичко порно“, додека четвртата вели дека порнографијата им доаѓа како зачин и освежување на сексуалниот живот во врска.

Но, еден од запоставените, но секако многу важни двигатели кај жените кои сакаат да гледаат порно, се фантазии за BDSM однос (bondage and disciplinedominance and submission, and sadism and masochismbondage, во превод: ропство и дисциплина, доминација и потчинување, садизам и мазохизам), според сексологот Мајкл Калдман.

Фото: Unsplash

Околу 66 проценти од жените фантазираат дека имаат секс со странец, а најчеста сексуална фантазија е онаа во коа тие се сексуален предмет, додека другата страна доминира со нив, според податоците од PornHub.

Жените го бараат она што го немаат во секојдневниот живот

Популарноста на садомазохистички еротски романи ги охрабри жените конечно да зборуваат за своите фантазии и, наводно, да ги заменат воспоставените мисионерски пози со „дивеење“ во креветот. Трендот што започна со трилогијата „50 нијанси“ на Е. Л. Џејмс наиде на светски успех, но сепак повеќето жени не сакаат јавно да зборуваат за своите фетиши и фантазии, па дури ни пред своите пријателки.

Популарноста на еротските романи во современото општество првенствено може да се објасни со фактот дека средовечните жени генерално се жедни или гладни за сексуална љубов, па еротските љубовни романи претставуваат еден вид исполнување на нивните фантазии, во отсуство на нешто поконкретно и поквалитетно во нивните секојдневни, не особено возбудливи животи.

Може да се започне и од тезата дека средовечните мажи во бракови темелно не успеваат како сексуални партнери и дека не секогаш се задоволителен одговор на сексуалните апетити на жените, како што објаснуваат аналитичарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот