Зошто урмите се сметаат за најздравото овошје во светот?

unsplash

Урмите се плод на палмите што се одгледуваат во тропските предели во светот. Во зависност од сортата, свежите урми се прилично мали, а боите се движат од светло црвена до светло жолта.

Ова овошје е многу хранливо, особено затоа што се суши, поради што содржината на калории е поголема од повеќето свежи овошја, а калориите доаѓаат од јаглехидратите.

Покрај калориите и значителната количина на растителни влакна, урмите содржат и некои важни витамини и минерали. Храната богата со растителни влакна често се препорачува за подобрување на варењето на храната. А, растителните влакна исто така можат да бидат корисни за контрола на шеќерот во крвта.

Фото/Слободен Печат

Урмите се богати и со антиоксиданти кои служат за борба против голем број болести. Во споредба со слични видови на овошје, како што се смоквите и сливите, урмите содржат најголемо количество антиоксиданси.

Друга причина за конзумирање на ова здраво овошје е неговата способност да го подобри здравјето на нашиот мозок и мозочните функции. „Healthline“ наведува дека лабораториските истражувања откриле дека урмите се корисни за намалување на воспалителните маркери кои предизвикуваат Алцхајмерова болест.

Потенцијалните својства на урмите за зајакнување на мозокот се припишуваат на нивната антиоксидантна содржина, за која е познато дека го намалува воспалението.

pexels

Друг интересен факт поврзан со урмите е нивното влијание врз бремените жени, т.е. можноста за олеснување и забрзување на природното породување. Според едно истражување, 69 жени кои конзумирале шест урми на ден во рок од 4 недели пред предвидениот датум имале 20% поголема веројатност да се породат природно и породувањето траело значително помалку време отколку оние кои не ги јаделе.

Урмите се одличен природен засладувач и здрава алтернатива на шеќерот. Тие се извор на фруктоза. Важно е да се напомене дека иако урмите имаат многу растителни влакна и хранливи материи, тие сепак се доста калорични и треба да се консумираат умерено.

Исто така е важно да се спомене влијанието на ова овошје врз здравјето на коските, затоа што е богато со минерали, вклучувајќи фосфор, калиум, калциум и магнезиум, кои спречуваат болести како што е остеопорозата.

pexels

Бројни студии укажуваат на влијанието на ова овошје врз намалување на нивото на холестерол во крвта, подобрување на изгледот и затегнатоста на кожата благодарение на витамините Ц и Д, а исто така помагаат при слабеење.

Урмите често се комбинираат со друга храна, како што се бадеми и путер од ореви. Ова овошје е исто така многу лепливо, што го прави корисен додаток во печени слатки јадења, како што се колачиња и бисквити, а може да се комбинира и со ореви и семиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот