1 C
Скопје

Зошто Твитер трајно го суспендираше профилот на Трамп: Хронологија на сите навреди во последните 6 години

Компанијата Твитер на 8 јануари соопшти дека трајно го суспендира профилот на бившиот претседател на САД Доналд Трамп заради ризик од понатамошно поттикнување на насилство, откако три дена претходно неговите поддржувачи упаднаа во Капитол и предизвикаа насилство и немири какви што не се паметат.

„После деталниот преглед на неодамнешните твитови од профилот на Доналд Трамп и контекстот околу нив, трајно го суспендиравме профилот заради ризик од понатамошно поттикнување на насилство“, наведе тогаш компанијата во твит.

Меѓутоа, станувало збор само за „капката која ја прели чашата“, бидејќи Трамп, од моментот кога во јуни 2015 година ја започна својата претседателска кампања, ја користеше платформата за да пофали, нападне, забавува, лобира, навреди и изнесе својата – често грешна – верзија на настаните, разни теории на заговор и на крајот, пораки кои поттикнуваат насилство.

Прочитајте и...  Давањето предлози во предизборие е погрешна стратегија

Њујорк тајмс ги документираше и ја објави листата на сите вербални напади кои Трамп ги објави на Твитер за речиси шест години. Хронолошки, од 14 јуни во твитот во кој ги опиша политичарите дека „многу зборат и ништо не работат“, па до последниот во кој Антифа ја нарече „терористичка организација“.

Комплетната листа на твитовите на Трамп можете да ја погледнете тука.

Извор: Неделник.рс

Поврзани вести

Стартува кампањата за пописот под слоганот „Тука живеам, одлучувам, постојам”

Слободен печат

Хант: ЕК да ја преиспита одлуката за блокада на извозот на вакцини за Австралија

Слободен печат

За овој месец најавен старт на имунизацијата на населението: Вакцините на „Фајзер“ треба да стигнат во првиот квартал од оваа година

Слободен печат

Каналот на Трамп на Јутјуб ќе биде дозволен штом се намали ризикот од насилство

Слободен печат

Истражување во САД: За повеќето Американци, Кина е непријател или конкурент

Слободен печат

ПЕЦ: Досега починаа 840 новинари во светот од ковид-19

Слободен печат

Остави Коментар